Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поповска-Оер:Неприфатливо е да се оди на избори со список, кој наместо да се прочисти, се зголеми

Поповска-Оер:Неприфатливо е да се оди на избори со список, кој наместо да се прочисти, се зголеми

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска денеска се сретна со француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер, со која разговарале за актуелната политичка криза и за можните решенија.

„Поповска ја посочи неопходноста од одржување фер и демократски избори со кредибилен избирачки список,за чие прочистување е потребна поддршка и од меѓународната заедница. Во тој случај изборите би можеле да се одржат во октомври, со што би се излегло од кризата и би се овозможило нормално функционирање на институциите. Неприфатливо е да се оди на избори со список, кој наместо да се прочисти, се зголеми за нови 135.000 лица“ - се наведува во соопштението од ДОМ.

Поповска ја нагласи и неопходноста од кординација и вклученост во процесот за надминување на кризата и на други партии и граѓански организации.

На средбата говореле и за посветеноста на Франција за заштита на животната средина и одржливиот развој, за што дава силна поддршка и на многу иницијативи од нашата земја.

Слично

Поврзани вести