Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оние кои нема да пријават дека недвижниот имот не го користат, ќе платат пет пати повисок данок

Оние кои нема да пријават дека недвижниот имот не го користат, ќе платат пет пати повисок данок

Ќе има промени во плаќањето на данокот на имот. 

На денешната 27- ма седница, е разгледан и усвоен Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка. 

Со него се предвидува извршување на усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување, а кој се предвидува да важи од 1 јануари 2022 година.

„Исто така со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои  данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот“, информираат од Владата. 

Со одредби од овој Закон се  пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и  физичките и правни лица  кои нема да  пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

Економскиот експерт Горан Рафајловски иницијативата на Владата за зголемување на данокот на имот за становите и куќите во кои сопствениците не живеат претходно ја оцени како популистичка.

Слично

Поврзани вести