ОНЕ го доби тендерот за дигитален радиодифузер
Откако Оне го доби тендерот за нов дигитален раздиодифузер, тоа практично значи дека до први јуни 2013 година, Оне има обврска сите телевиизии да ги префрли на дигитална опција. Но за да се префрлат на дигитална мрежа, националните телевизии на Оне ќе треба да му платат годишен надоместок од 150 илјади евра, додека локалните телевизии кои сега ќе станат регионални, на Оне ќе треба да му платат годишен надоместок од 20 илјади евра. Оние локални телевизии кои нема да сакаат да се дигитализираат, ќе треба сами да си ги постават предавателите, но, тие ќе имаат можност да постават само еден предавател и ќе зрачат во само еден град . Локалните телевизии кои ќе се дигитализираат и ќе преминат во регионални, ќе може да зрачат во еден од вкупно деветте региони на колку што е поделена Македонија.
Со сумата од 150 илајди евра која ќе ја плаќаат националните и 20 илајди евра која ќе ја плаќаат регионалните телевизии, практично целата обврска околу предавателите и нивното одржување ќе биде во рацете на Оне. Тоа значи дека телевизиите нема да имаат свои предаватели туку тоа ќе биде обврска на Оне.
Одлуката за избор на Оне е потпишана, се чека операторот да уплати 301 илјади евра како надоместок за државата што ќе ја врши оваа функција. Дополнително, Оне има доставено и банкарска гаранција од еден милион евра која ќе се активира ако до крајниот рок не ја изврши дигитализацијата.
.
Слично
