ОН загрижени од договорот ЕУ – Турција за бегалците
Високиот комесаријат за бегалци на ОН чувствува загриженост во врска со договорот, постигнат меѓу ЕУ и Турција, во рамките на кој бегалци ќе бидат испратени во Турција, каде што некои националности се лишени од заштита, изјави регионалниот директор на организацијата за Европа Венсан Коштел, цитиран од Ројтерс.
Коштел посочи пред швајцарската радио RTS дека нивото на прифаќање од Турција на бегалци од Авганистан, Ирак и Иран е многу ниско, околу 3%.
"Враќањето на луѓе кои нема да имаат пристап до заштита во Турција, создава голем број проблеми од гледна точка на меѓународното и европското право", рече тој.
"Се надевам дека во следните 10 дена ќе бидат поставени голем број дополнителни гаранции, па луѓето, испратени назад во Турција, ќе имаат пристап до разгледување на нивните молби за азил", додаде Коштел.
