Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН очекува Македонија да започне преговори со ЕУ, но не и голем економски раст

ОН очекува Македонија да започне преговори со ЕУ, но не и голем економски раст

Обединети Нации во прогноата за Македонија за 2019-та очекуваат добивање датум а почеток на преговорите на земјата со ЕУ, но не се предвидува спектакуларен економски раст. Проекцијата е дека зголемувањето на БДП ќе биде дури и помало во однос на повеќето земји од регионот.

Во најновиот извештај на ОН за перспективите на светската економија се најавува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од три проценти. Во другите земји од Западен Балкан се предвидува раст на БДП од 4 отсто во Албанија и Србија, Црна Гора 3,7 и 3,0 во БИХ.

Посебно за Македонија се издвојуваат очекувањата годинава Македонија да ги отвори преговорите за членство со ЕУ. Позитивни се прогнозите за зголемување на инвестициите и на извозот, намалување на стапката на невработеност и подобрување на бизнис климата и  пазарот на труд.

Иако се уште нема официјални податоци, ОН тврди дека македонската економија ја завршила ланската 2018-та со раст на БДП од 2,5 проценти, а невработеноста паднала на 21 процент.



Слично

Поврзани вести