Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН: Најмалку една генерација до обновувањето на Сирија

ОН: Најмалку една генерација до обновувањето на Сирија
Според ОН опоравувањето од војната во Сирија, која доведе до масовно бегство на населението, ќе може да се почувствува дури по една генерација. Возрасната популација  нема да ја види Сирија обновена, стои во извештајот, кој е објавен на официјалната страница на ОН. Ќе мора најмалку една генерација, за да се почувствува промената, а државата да успее да се опорави. Граѓанската војна, која трае 5 години го принуди населението да бега од земјата, а постојаните бомбардирања ја уништија архитектурата во Сирија. Според податоци на ОН, скоро 5 милиони Сиријци се отсечени од останатиот свет, а уште толку  побарале засолниште надвор од земјата. Аналитичарите сепак сметаат дека во последниве недели се гледа „зрак надеж", откако  големите сили се договорија за примирје, а нападите се намалија драстично.
Слично

Поврзани вести