Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН: Над 6 000 луѓе се убиени во источна Украина

ОН: Над 6 000 луѓе се убиени во источна Украина
Комесаријатот за човекови права на Обединетите Нации проценува дека повеќе од 6.000 луѓе се убиени во источна Украина. Во нивниот извештај се тврди дека во Украина немилосрдно се уништуваат човечки животи и само во последните недели во овој регион биле убиени стотина цивили и војници. „Од средината на април 2014 до 15-ти февруари 2015 година, беа убиени најмалку 5 665 луѓе. Целосните извештаи за жртвите, особено во близина на аеродромот во Доњецк и во околината на Дебалцево, се уште се изготвуваат. Комесаријатот за човекови права на ОН проценуцва дека вкупната бројка на убиени во источна Украина премина 6 000“ -изјави Иван Симоновиќ, Комесаријат на ОН за човекови права. Додека се одржуваше состанокот за Советот за човекови права на Обединетите Нации, американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров имаа средба за ситуацијата во Украина, но и двете страни не соопштија детали за средбата.  
Слично

Поврзани вести