Економија, финансии, бизнис

Контакт

Омикрон зема замав во Хрватска

Омикрон зема замав во Хрватска

Во Хрватска е потврден 51 случај на омикрон. 

Во градот Сплит, од 31 испратен примерок, во 10 примероци е потврден најновиот сој. Од загрепската болница Виноградска на секвенционирање се испратени 34 примероци. Од нив 17 се позитивни на омикрон, со што бројот на случаи на омикрон во Хрватска се искачи на 51, дознава Дневник Нова ТВ.

Во соседна Грција омикрон е доминантен сој. Оваа земја денес има над 35.000 заразени. 

Овој сој го има во најмалку 110 држави во светот, а прв пат се појави во Јужна Африка. 

Слично

Поврзани вести