Економија, финансии, бизнис

Контакт

Омикрон стигна и во Црна Гора - има пет заразени

Омикрон стигна и во Црна Гора - има пет заразени

Потврдени се првите пет случаи на омикрон во Црна Гора. 

Сите лица заразени со омикрон се во добра општа здравствена состојба и имаат само благи симптоми.

Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, објави Црногорскиот институт за јавно здравје. 

Првото сомневање за појавата на омикрон се појави на почетокот на декември во семејство чиј член допатува од Јужноафриканската Република.

Засега е на сила задолжителното носење заштитни маски во затворени простории. 

Црногорските здравствени власти, исто така, ги забранија новогодишните прослави на плоштадите. 

Овој сој го има во 80 земји. Многу држави преземаат построги мерки во пресрет на Нова година и Божиќ. 

Слично

Поврзани вести