Економија, финансии, бизнис

Контакт

Омикрон стелт доминира во многу земји, а сега е потврден и во Србија

Омикрон стелт доминира во многу земји, а сега е потврден и во Србија

Подвидот на омикрон е детектиран кај северниот сосед. Првиот случај на омикрон стелт е регистриран во Србија. Оваа информација за РТС ја потврдија од Медицинскиот факултет во Белград, пишува Блиц.

Вирологот Тања Јовановиќ вели дека новата подваријанта полека станува доминантна во некои земји, но се претпоставува дека клиничката слика е слична на првата. 

„Засега, вакцината е најдобрата заштита и од овој подвид, бидејќи таа штити и од умерени до тешки форми на болеста“, посочува Јовановиќ.

Oвој сој го има во повеќе земји во регионот, а во светот е потврден во над 50 држави. Се смета дека тој е позаразен од омикрон. Омикрон стелт доминира во Данска, Индија, Велика Британија и во Германија. Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 1.768.343 случаи на заразени со коронавирус, а починале 13.991 заразено лице. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести