Омикрон пристигна во уште една земја од регионот
Омикрон сојот на коронавирусот пристигна во уште една земја од регионот.
Во Хрватска денеска официјално се потврдени два случаи на инфекција со новиот сој на коронавирусот – омикрон, а тоа се луѓе кои не престојувале во Јужна Африка. Епидемиологот Горанка Петровиќ од ХИЈЗ изјави дека омикрон е потврден кај двајца хрватски државјани кои не престојувале во Јужна Африка, а биле на состаноци на кои имало гости од странство.
Овој сој кој се појави во Јужна Африка, во соседството прво беше откриен во Грција. Тој брзо се појави и прошири на европско тло, каде може да биде доминантен за кратко време.Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот омикрон обично имаат поблага форма на болеста.
Слично
