Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМИКРОН НАСКОРО ЌЕ ИСЧЕЗНЕ: Мирно лето предвидува д-р Јанковиќ

ОМИКРОН НАСКОРО ЌЕ ИСЧЕЗНЕ: Мирно лето предвидува д-р Јанковиќ

Заменик директорот на Клиничкиот центар-Ниш, д-р Милорад Јанковиќ денеска излезе со многу оптимистична изјава, нагласувајќи дека може многу скоро да очекуваме да исчезне и варијантата омикрон. Во гостувањето на РТС посочи дека кон крајот на овој месец епидемиолошката крива ќе почне да паѓа, пред се заради високиот број новозаразени со што целосно ќе биде постигнат биолошкиот максимум.

– Омикрон дава потполно поинаква природа на болеста. Јас сум оптимист. Ова сигурно е еден почеток на смирување на состојбата. Огромниот број на заразени ќе го исцрпи биолошкиот максимум и мислам дека на крајот на февруари ќе почне кривата да се симнува надолу. Сигурен сум дека ќе имаме мирна пролет и мирно лето. Останува да видиме само дали во текот на летото ќе се појави некоја нова мутација како делта и која ќе направи хаос во Европа, посочи д-р Јанковиќ.

Инаку, тој вчера нагласи дека сојот омикрон од човек на човек се пренесува само за неколку секунди, пред се заради тоа што неговата вирулентност е преголема. Оттаму и големиот број новозаразени на дневна основа.


Слично

Поврзани вести