Економија, финансии, бизнис

Контакт

Омери: Oсновна цел на „Викенд без ДДВ“ е повеќе пари кај граѓаните

Омери: Oсновна цел на „Викенд без ДДВ“ е повеќе пари кај граѓаните

Веде директорот на УЈП Фарук Омери за „Викенд без ДДВ“ денеска на прес - конференција изјави дека основна цел на оваа мерка е повеќе пари кај граѓаните, посебно во овој период од годината кога граѓаните имаат повеќе трошоци. 

Со оваа мерка ќе се поддржи и домашната економија. 

„Секој граѓанин е инспектор на терен и бара да му се издаде фискална сметка, а ако не му се издаде, може да пријави во УЈП“, вели Омери. 

Рече дека доколку има некакви малверзации, поскапување на производи, тоа ќе биде казнето. 

Омери вели дека се свесни дека овој „Викенд без ДДВ“ се спроведува во време на Ковид 19, но трговците мораат да ги почитуваат протоколите. 

Граѓаните ќе имаат три дена рок за да ја скенираат сметката. 

Слично

Поврзани вести