Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД со писмо до Меркел: Германија да ја признае Македонија под уставно име

ОМД со писмо до Меркел: Германија да ја признае Македонија под уставно име
Со писмо германската канцеларка Ангела Меркел, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) побара признавање на уставното име на Република Македонија. Како што пишува Дојче Веле, од ОМД сакаат и  средби со германската влада. Притоа во писмото стои дека времето за бесцелни преговори е поминато и затао од владата на Германија се бара да ја признае Република Македонија под уставно име. Според ОМД, спорот за името има задача да маскира поважни прашања како што се човековите права на Македонците во Грција, а како потврда за тоа се наведуваат извештаи од ОН и Хјуман рајтс воч, во кои се регистрираат прекршувања на човековите права на Македонците во Грција. „И покрај покрај постигнувањето на Привремената спогодба, промената на државното знаме и на Уставот на Република Македонија, Грција продолжува да ја прекршува таа спогодба и ја игнорира пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Преку овие неиспочитувани договори се покажува дека Грција има за цел да ја уценува Република Македонија да го промени своето уставно име и идентитет”, пишува ОМД. Протоа од дијаспората и се заблагодаруваат на Меркел за нејзината ангажираност за Македонија и за принципиелноста на Германија кон земјава.
Слично

Поврзани вести