Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД против изјавата на Бејли за името, Грција води дискриминаторска политика

ОМД против изјавата на Бејли за името, Грција води дискриминаторска политика

Од Обединета македонска дијаспора реагираат на изјавата на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли дека е вистинско време да се реши спорот за името со Грција.

За нив неочекуван е ставот на амбасадорот Бејли  дека ова е погоден момент да се одврзе јазолот во врска со името. Јазолот е неприроден и се заснова на дискриминаторска политика на големите сили на почетокот на 20-тиот век, период кога сите освен македонскиот народ декларираа независност на своите држави, реагира Обединетата македонска дијаспора.

„На Македонија веќе 25 години ѝ е оспорено правото на самоопределување, 25 години е заложник на „добро-соседската“ политика на соседните држави, во кој спор, повеќе од година и половина медијаторот Метју Нимиц нема остварено средба под покровителство на Обединетите Нации“- велат од ОМД.

Ставот на ОМД околу преговорите за името е дека тие треба да се прекинат.

„Да не дозволиме дискриминаторската политика на Грција да ги погази демократските вредности на модерните демократии. Отворете ги вратите на НАТО. Со политика на отворена врата и про-демократски пристап, длабоко сме уверени дека внатешните политичките проблеми би биле соодветно решени и надминати. Евроатлантските аспирации на Македонија се непобитен и докажан факт. Редно време е НАТО членките да ја прифатат Македонија под уставното име како рамноправен член во Алијансата“ - се вели во соопштението.

ОМД верува дека  Бејли пред самитот во Варшава ја има најдобрата можност за залагање пред своите претпоставени во Вашингтон, да се стави крај на политиката на сегрегација и поделба и да се поправи историската грешка на кршење на основата на меѓународните односи т.е. непочитување на хашката пресуда.

Слично

Поврзани вести