Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД:Македонија не може да поддржува сегрегацијата преку федерализација

ОМД:Македонија не може да поддржува сегрегацијата преку федерализација

Обединетата Македонска Дијаспора го поддржува сегашниот унитарен систем на власт во Македонија и постојаното признавање и интеграција на сите граѓани,  без разлика на етничката припадност, религија или други квалификации  во политичкиот процес.

Во последните години е постигнат значаен напредок, но се уште е потребно да се работи во насока на осигурување на правичен и еднаков третман на сите граѓани, стои во соопштението од ОМД. Во заеднички интерес на сите е да се обединат со цел надминување на сегашната криза преку јасно изјаснување против корупцијата, непотизмот и анархијата кои го попречија процесот на развој на Македонија кон демократија базирана на слободен пазар и класичните либерални принципи, додаваат од ОМД.

„ОМД верува дека Охридскиот рамковен договор од 2001 година – посебно одредбите кои предвидуваат квоти за етничките малцинства во судството, државните органи, државната и јавната администрација – беа штетни и доведоа кон ефективна институцијализација на сегрегацијата. Позициите во секој дел од општеството, без разлика дали во приватниот или јавниот сектор, треба да бидат пополнети врз основа на индивидуалните способности и достигнувања. Безбројни примери низ годините насекаде во светот докажаа дека сегрегацијата секогаш води кон неуспех. Македонија не е во можност да ја поддржува сегрегацијата преку федерализација и истовремено да очекува да просперира“ - наведуваат од ОМД.

ОМД е со ства дека политичките партии не треба да бидат базирани на етнички или религиски разлики и поделби, туку треба да бидат базирани на заедничка политичка идеологија и вредности.

Слично

Поврзани вести