Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД: Македонија докажа дека го заслужува статусот на рамноправна земја-членка на НАТО

ОМД: Македонија докажа дека го заслужува статусот на рамноправна земја-членка на НАТО

Македонија стори сé што е потребно, сега е време на НАТО да го стори истото, порачуваат од Обединетата македонска дијаспора.

ОМД известува за објавата на последниот Извештај за членството на Македонија во НАТО и значењето на НАТО за источноевропската безбедност, именуван како Членството на Македонија во НАТО: „Нема време за неоснована сатисфакција“ извештајот е објавен како дел од едукативната камања на ОMД– Македонија во НАТО 2016.

Извештајот ги опфаќа политиките на НАТО за проширување, чекорите кон рамноправно членство, придонесот на Македонија кон НАТО алијансата, како и актуелната позиција на Грција по однос на спорот со уставното име на Македонија.

„Земајќи ја зема предвид тековната криза во Украина, постојаната закана од екстремната сунитска групација Исламска држава, како и бегалската криза, а ОМД верува дека од суштинско значење за САД и НАТО е да ја одржат политиката на „отворени врати” и да упатат покана на Македонија за членство во Алијансата на самитот во Варшава во јули годинава“ - велат од ОМД.

Како што е наведено во извештајот досега Македонија докажа дека го заслужува статусот на рамноправна земја-членка на НАТО. Ветото од страна на Грција беше бесправно и спротивно на нејзините обврски од Времената спогодба на Обединетите нации од 1995-та, како резултат на што, земјите- членки на НАТО мораат да интервенираат и да ја спречат Грција во намерата за натамошно попречување на членството на Македонија во НАТО и конечно да дозволи Македонија да го стекне своето заслужено полноправно членство.

Извештајот е изготвен од страна на соработниците за Меѓународна политика и дипломатија при ОМД: Џохандра Делгадо, Линци Хорн, Гавин Копел, Џруана Мозинго, Мартин Наунов, Кајл Анастас Рожер и Џосеф Шифердекер, и е редактиран од Наташа Калајџиовски.

ОМД ги охрабрува сите членови и поддржувачи на членството на Македонија во НАТО,  да го дистрибуираат извештајот ширум светот, со цел да се привлече вниманието на САД и Европа.

Слично

Поврзани вести