Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМД:ДИК по кој закон го признава електронското поднесување документи?

ОМД:ДИК по кој закон го признава електронското поднесување документи?

Од Обединетата македонска дијаспора велат дека  непочитувањето на Пржинскиот договор од страна на сите партии потписнички како и апсурдниот обид за одземање на правото на гласна граѓаните на Македонија надвор од неа, доведуваат до сериозно заладување на односите помеѓу земјата и нејзините иселеници.

Повеќепати во минатото, ОМД се огласи дека електронското гласање и основањето на Министерство за Дијаспора претставуваат начин на кој државата би покажала грижа и чуство на одговорност кон дијаспората и нејзиното уставно право на глас.

Според ОМД, апсурдноста во односот на партиите кон дијаспората кулминира со регулирањето на единствениот избирачки список и самиот избирачки процес. Додека иселеникот може електронски да се регистрира во единствениот избирачки список, на изборниот ден, тој мора да патува илјадници километри како би гласал за претставник во Собранието кој може да е дури и од друг континент.

„ОМД јавно го прашува ДИК по кој закон го признава електронското поднесување документи за регистрација и поради која причина истото не може да биде спроведено на изборниот ден“ - се наведува во соопштението.

Таквиот тек на настани е во прилог на соседните држави, или поточно во прилог на грчкото негирање на македонското постоење, бугарското негирање на македонскиот јазик и историја, како и во прилог на српскиот однос кон МПЦ и албанизацијата во западна Македонија. Имајќи го тоа во предвид, ОМД отворено прашува кој работи за интересите на соседните земји, наместо во корист на својот добробит?

Политичките интриги и партиски интереси се далечни за македонските иселеници, кој што факт укажува дека ставот на дијаспората е објективен и непристрасен. Со таквиот пристап за допринос кон татковината, краткиот рок за регистрација, работни часана дипломатските и конзуларни претставништва кои во целост не соодејствуваат со достапноста на иселениците како и отежнатата изборна процедура која исклучиво предвидува физички наместо електронски начин на гласање, помеѓу дијаспората се доживува како манипулативна политика на македонските партии за нејзино дистанцирање. Според ОМД, потегот на усложнување наместо олеснување на гласачкиот процес за дијаспората претставува обид за одземање на нејзиното право на глас со што се отвара јаз помеѓу македонците кои живеат во и надвор од земјата. Но и покрај нееднаквиот третман како гласачко тело, дијаспората нема да се поколеба во намерата да ја поддржи својата татковина, туку напротив, ќе дејствува во зачувување на македонското ткиво во овие исклучително тешки времиња за нашата нација.

Додатно, неизвесното оддржување на изборите закажани на 5ти јуни ги обврзува граѓаните на Македонија надвор од неа на повторна регистрација во случај на нивно одложување, што го намалува интересот на дијаспората за искористување на правото на глас, како што е евидентно со само 3500 регистрирани гласачи според информациите на ДИК.

Слично

Поврзани вести