Економија, финансии, бизнис

Контакт

Омбудсманот ќе испитува дали е во ред што на учениците во Аеродром им се пушта македонска химна

Омбудсманот ќе испитува дали е во ред што на учениците во Аеродром им се пушта македонска химна
Секој понеделник првиот час во училиштата во скопската општина Аеродром започнува со интонирање на македонската химна. Од општината појаснуваат дека церемонијата е воведена во сите осум основни училишта на нивна територија со цел кај учениците да се развијат патриотски чуства, како и да се влее чуство на почит кон државните симболи. Родителите немаат ништо против - велат дека е добро нивните деца од мали нозе да ја научат химната. Сепак, народниот правобранител Иџет Мемети најавува дека ќе испита дали интонирањето на химната за старт на наставата е законски и каква корист од тоа имаат учениците. Сите основци, освен првачињата, во Аеродром секој понеделник во 7:20 часот стојат во строј по двајца додека се интонира химната и на училишниот јарбол се подига македонското знаме. Дури потоа започнува наставата.
Слично

Поврзани вести