Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМ: Власта не го пушта Љубе на слобода, иако ги исполнува условите

ОМ: Власта не го пушта Љубе на слобода, иако ги исполнува условите

Власта не го пушта Љубе Бошкоски да излезе од затворот во Идризово иако сите услови за тоа се исполнети, реагираат вчера од Обединети за Македонија.

- Од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ е испратена порака до нивниот директор на затворот, Живко Пејковски по никоја цена да не се дозволи излегувањето на Љубе пред одржувањето на изборите. Стравот оди до таму што директорот Пејковски, злоупотребувајќи ја службената положба, му го ускратува законското право на Бошкоски, на скратување на затворската казна од три мeсеци, право што досега го добиле сите осудени лица – рече Марјан Огњановски од ОМ.

Тој најави и протести од следната недела доколку нивниот лидер не биде пуштен на слобода.

Инаку, денеска повторно беше одложен случајот „Ровер” во кој поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски е обвинет за помагање убиство во 2001 година, а како причина за негово одложување беше отсуството на вториот судија поради боледување.

Следното рочиште за овој судски процес е закажано за 8 април.

Слично

Поврзани вести