Економија, финансии, бизнис

Контакт

OM со осуда на политичкиот прогон на активисти кои се против диктaторска власт

OM со осуда на политичкиот прогон на активисти кои се против диктaторска власт

Обединети за Македонија го осудуваат политичкиот прогон на активисти кои се дел од протестите и против кои се покренати кривични постапки.

Меѓу нив се наоѓаат и претставници на политички партии кои, како што се наведува, се борат против оваа недемократска диктаторска власт на која деновите до заминување и се одбројани.

„Претседателот на Обединeти за Македонија, Љубе Бошкоски реваншизмот на власта претворен во тoртура сè уште го преживува во занданите во Идризово. Веруваме дека во корумпираното и партизирано судство има некој се уште не извалкан, судија со образ кој нема да го помага политичкиот прогон од страна на власта кон неистомислениците. Граѓаните јасно порачуваат вистинските криминалци и насилници слободно се шетаат по улиците, а оние кои се борат правдата да биде задоволена и секој кој се огрешил од законот да одговара се притвораат со цел загушување на барањето на правда и слобода“ - реагираат од партијата.

Додаваат дека ова нема да помине и никој не може да го загуши доаѓањето на слободата која силно ќе светне над Македонија.

Слично

Поврзани вести