ОМ ќе протестираат пред Министерството за правда за ослободување на Бошкоски
Од партијата Обединети за Македонија ги повикуваат сите граѓани, активисти и членови на политички партии, да се приклучат на протестот утре во 12 часот пред Министерството за правда за ослободување на Љубе Бошкоски.
Протестот е под мотото „Стоп за тортурата, слобода за Љубе Бошкоски, веднаш“.
„Ги повикуваме сите граѓани, членови на политички партии, активисти да се приклучат на протестот на Обединети за Македонија. Протестот ќе биде со возила кои во 10 минути до 12 часот од Јужниот Булевар ке тргнат кон Министерството за правда.Сите оние кои се без возила ги очекуваме да ни се придружат пред министерството во 12 часот“- велат од Обединети за Македонија.
Ова е последен повик до директорот на затворот, Живко Пејковски да не биде соучесник во туртурата врз Љубе Бошкоски, додаваат од партијата.
