OM: Германската оценка укажува дека во Македонија ништо не функционира
Од партијата Обединети за Македонија реагираа откако Гeрманија ја намали оценката за билатералните односи со Македонија и ги оцени како ,,задоволителни".
Од партијата сметаат дека тоа многу зборува за реалноста во која моментално се наоѓа нашата државата.
,,Задоволни не можеме да бидеме кога сите во регионот не поминаа. Германската оценка со дипломатски јазик укажува дека нешто не функционира и дека македонската страна треба нешто да менува, во позитивна насока. Лажните и извртени соопштенија од македонска страна, дека во државава се е розево треба веќе да бидат заборавени, за да народот сфати дека водачите на "Илинденска" не возат во погрешен правец, и покрај скапиот и сигурен 600 илјади мерцедес во кој се вози Груевски'' - се вели во реакцијата.
Oд партијата на Љубе Бошковски, велат дека оваа ситуација во која се наоѓа Македонија, ниту платените провладини новинари не можат да ја обојат розово. Тие велат дека се послабиот меѓународен рејтинг на државата е очигледен.
,,Се поочигледно е дека домашната реалност рефлектира и на меѓународната сцена. Бомбите кога пукаат во дворот, се слушаат и подалеку. И најблиските и добронамерни земји пријатели на Македонија, сакаат искрен и чесен пристап во работите. Никој не сака да соработува со "насилници" и манипулатори. Се поочигледно е дека Груевски не е така моќен надвор, како што е дома'' - велат од партијата Обединети за Македонија
