Економија, финансии, бизнис

Контакт

Олси Рама демантира било каква поврзаност со синоќешниот инцидент

Олси Рама демантира било каква поврзаност со синоќешниот инцидент

Главниот осомничен од страна на српските медиуми Олси Рама по пристигањето во Тирана демантираше дека е поврзан со синоќешниот инцидент и леталото над стадионот Партизан за време на натпреварот меѓу Србија и Албанија.

- Немам ништо со леталото...не разбирам од каде е таа приказна, изјави Олси Рама по доаѓањето во Тирана.

Откако српски медиуми објавија дека братот на албанскиот премиер бил приведен по инцидент тој изјави дека сето тоа се шпекулации на српските медиуми.

- Не сум ниту апсен ниту приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата стана хаотична и полицијата сите ги претресуваше. Им го покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути, тврди Рама кој во Тирана пристигна со делегација на албанската репрезентација.

 
Слично

Поврзани вести