Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оли Рен: Грчкиот долг е неодржлив

Оли Рен: Грчкиот долг е неодржлив

Долгот на Грција, кој догодина е проектиран на 189 проценти од БДП на државата, не е одржлив, а наскоро кредиторите на земјата ќе мора да го решаваат и ова прашање, изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Оли Рен кој сепак ја отфрла можноста за реструктуирање на долгот.

Според Рен нема сомнеж дека неодржливоста на долгот постојано ќе се зголемува ако не се преземат мерки кои ќе доведат до негово намалување. Исто така, додава Еврокомесарот, во наредните седмици треба да се затворат четири поглавја за Грција,  првите две се фискалните и структурните мерки, но исто така и договорот за финансирање на побарувањата и одржливоста на долгот.

Рен исто така ја отфрла можноста Европската централна банка и партнерите на Грција од еврозоната да ги намалат сумите што им ги должи Атина.

 
Слично

Поврзани вести