Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЛЕСНУВАЊЕ: Нема ебола во Македонија!

ОЛЕСНУВАЊЕ: Нема ебола во Македонија!
Официјалните резултати од референтната лабораторија во Хамбург покажаа дека британскиот бизнисмен, кој пред два дена почина во Скопје, не боледувал од ебола. Врз телото на починатиот сега ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за неговата смрт. Со објавата на официјалните резултати, заврши карантинот за 25 лица во хотелот „Супер 8“, каде што престојуваше британскиот бизнисмен, како и за медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје што го третираше пациентот. Надлежните веднаш ја известиле Британската амбасада дека нивниот државјанин немал ебола, а за резултатите известена е и Светската здравствена организација(СЗО). Телото на починатиот се чуваше во посебна просторија на Инфективната клиника во лимен и дрвен сандак, се додека не се утврди дали бил заболен од смртоносната болест. Починатиот британски државјанин е бизнисменот Колин Џефри, кој пред неколку години беше претседател на Советот на странски инвеститори во Македонија и директор за стратегиски операции на „Џонсон Мети“ во Скопје.  
Слично

Поврзани вести