Економија, финансии, бизнис

Контакт

Олеснет транзит на стоки, царината воведе нов компјутерски систем

Олеснет транзит на стоки, царината воведе нов компјутерски систем

Царинската управа на Македонија од денеска официјално го пушти во употреба Новиот компјутеризиран транзитен систем, кој нуди нови можности во царинското работење во делот на употребата на напредни компјутерски системи, употребата на електронска транзитна декларација, спроведување на формалностите единствено со разменување на електронски пораки, електронска обработка на податоци.

Системот треба да придонесе за поефикасно спроведување на формалностите, во споредба со досегашниот систем базиран на употреба на хартија, со што ќе ја олесни транзитната постапка.

„Неговата употреба на национално ниво претставува почетна и преодна фаза кон многу значајното пристапување на Заедничкиот транзитен систем на ЕУ.  Во следната фаза, преку негово поврзување со системите на ЕУ ќе се овозможи непречено движење на стоковите пратки во и од Унијата, без царински формалности на надворешните гранични премини на ЕУ, и дополнителна придобивка во забрзувањето и олеснувањето на размената на стоки со најзачајните економски партнери на Република Македонија“, стои во соопштението.

Системот овозможува размена на податоци помеѓу Царинската управа и економските оператори, преку електронско поврзување од било која точка во државата. Поднесувањето на царинската декларација, исклучиво по елетронски пат, се врши преку интернет страната на Царинската управа,
Слично

Поврзани вести