Оле - Шпанците се враќаат во економска форма
Шпанската економија и во вториот квартал од годинава бележи раст кој сега изнесува 0,9 и е за нијанса подобро од лани, додека пак бруто националниот производ пораснал за 3,1%. Со овие резултат шпанската економија полека се враќа на состојбата пред финансиската криза која се случи во 2008-та.
Шпанија подолго време беше во двојна рецесија со пад на вредноста на пазарот на недвижности, додека пак банкарскиот сектор мораше да добие пакет за спас од Европските финансиски институции во 2012 година.
Од тогаш Владата на Шпанија успеа да ги намали платите во јавниот сектор, да го зголеми извозот и да го сведе буџетскиот дефицит на прифатлив лимит според фискалните правила на Европската унија.
- Ние веруваме дека потрошувачката на добра доби свој моментум во вториот квартал продолжувајќи да го користи силната стапка на нови вработувања и комфортната финансиска клима, смета Раџ Бадијани економист од IHS Markit кој ја анализира состојбата во Шпанија.
Благодарение на растот на извозот се креираа нови работни места и токму зголемената потрошувачка на домаќинствата позитивно влијаеше во растот на економијата.
