Економија, финансии, бизнис

Контакт

Олбрајт трга раце од Косово, се повлече од купување на Поштата и Телекомот

Олбрајт трга раце од Косово, се повлече од купување на Поштата и Телекомот

Компанијата „Олбрајт капитал менаџмент“ (АЦМ) инаку сопственост на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт,  ја повлече понудата за купување на Поштата и Телекомот на Косово(ПТК).

Во образложението стои дека постојат други проекти во светот каде Олбрајт сака да вложи пари, посочиле од косовското Министерство за економски развој. Инаку понудата е повлечена на осми јануари, а американската АЦМ, во партнерство до Португалскиот Телеком, беше меѓу петте меѓународни компании и козорциуми, чии понуди за купување на удел во ПТК, косовската Влада ги одобри во април минатата година.

Со продажба на  75 отсто од акциите на  Поштата и Телекомот на Косово, Владата сака да заработи 300 милиони евра.

Слично

Поврзани вести