Оланд:Прашањето за европската банкарската унија да се затвори до крајот на 2012-та
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Европа би требало сериозно да ја разгледа идејата за заедничка банкарска унија, прашање за кое мора да биде поставено на средбата на врвот на Европската Унија, кон крајот на овој месец, пренесуваат новинските агенции.
"Многу е важно позициите за заедничката банкарска унија да се доближат", изјави Оланд во Малта, каде што се одржува средбата 5 +5 на европските и арапските држави.
"Имаме потреба од банкарска унија и солидарност, но потребно е прашањето да се заокружи во некоја временска рамка и да се постигне напредок до крајот на годинава", изјави францускиот претседател.
Тој додаде дека би сакал ЕУ да покаже сериозна подготвеност и да го реши прашањето за банкарската унија во еврозоната.
Слично
