Оланд: Земјите надвор од еврозоната да не се мешаат во нејзините работи
Не се мешајте во работите на европската монетарна унија, ова на Велика Британија и на земјите од ЕУ кои се надвор од еврозоната им го порача Францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тој за лондонски „Градијан“ истакна дека изборот е нивен што не сакаат да се придружат кон заедничката валута, но и дека тие земји треба да престанат да ги казнуваат оние поврзани со еврото, како да управуваат со зоната. Доколку Велика Британија излезе од ЕУ, Оланд не гледа дека постои некој ризик.
Според него официјален Париз сака Велика Британија да е целосно ангажирана во ЕУ, но францускиот претседател вели дека за тоа не може да одлучува тој, или Франција, туку за тоа може да решаваат само Британците.
- Велика Британија не е во еврозоната, а одби да се согласи и со буџетската унија, па јас сега немам намера да ги присилувам, да се приклучат, објаснува Оланд.
Сепак францускиот претседател смета дека Британците не може да се извлекуваат од договорите и обврските што веќе ги потпишале и презеле, како земја членка на ЕУ.
Ваквата реакција на Франсоа Оланд е порака на официјален Париз дека нема да биде лесно Велика Британија повторно да води преговори со ЕУ, околу нејзниот статус и обврските, заговарајќи враќање на некои од овластувањата што еднаш му се префрлени на Брисел, онака како што тоа го заговара и се надева британскиот премиер Дејвид Камерон.
Слично
