Олаф Шолц: Во ЕУ нема место за земји кои не се признаваат меѓусебно
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Приштина како прва негова дестинација од балканската турнеја изјави дека во Европската унија (ЕУ) нема место за земјите кои не се признаваат меѓусебно и дека патот на Косово кон ЕУ е поврзан со дијалогот со Србија.
Тој на прес-конференција по средбата со премиерот Албин Курти рече дека е важно Косово да го придвижи дијалогот со посредство на ЕУ.
„Косово и Србија треба да доведат до политички решенија преку сеопфатен договор. Дијалогот е пат кој отвора европска перспектива за Косово. Политичкиот договор меѓу двете земји е важен услов за перспективата на младите во Косово. За двете земји кои не се признаваат меѓусебно да станат дел од ЕУ Двете страни мора да се зближат една до друга“, рече Шолц.
Тој рече дека претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак има поддршка од Германија, додека дијалогот е платформа која го отвора европскиот пат на Косово.
Запрашан за тоа зошто Србија не воведе санкции кон Русија, Шолц рече дека секоја земја кандидат за членство во ЕУ треба да го усогласи своето законодавство, но и надворешната политика со политиката на Европската унија.
