Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЛАБАВУВАЊА НА МЕРКИТЕ И ВО СОСЕДСТВОТО: Грција од денеска, Србија само во најава

ОЛАБАВУВАЊА НА МЕРКИТЕ И ВО СОСЕДСТВОТО: Грција од денеска, Србија само во најава

Се дозволува стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање училишни екскурзии, јави дописничката на МИА од Атина.

Маската и понатаму е задолжителна и во затворените простори и на отворено, исклучок се децата до четиригодишна возраст, а нема промени и во однос на документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен ПЦР тест, задолжителен речиси секаде во Грција.

Сертификатите за вакцинација, иако за влез во Грција се валидни девет месеци по примената втора доза, во внатрешноста на земјата важност е седум месеци и без никакви ограничувања за оние кои имаат и засилувачка доза.

Слично е и со потврдата за прележан Ковид-19, за влез валиден е 180 дена, но онаму каде што е задолжителен во земјата, не смее да биде над 90 дена по првиот позитивен тест.

Во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, музеите и археолошките локалитети, театрите, кината, влезот е дозволен само со валиден сертификат за вакцинација или прележана болест и не постои опцијата за влез со негативен тест.

Во Србија, како што наведува Новости. Рс мерките постојат претежно „само на хартија“, па Кризниот штаб чија седница неофицијално е најавена за следната недела, доколку донесе одлука за олабавување на антиковид мерките, може формално да го укине само она што и онака генерално не се почитува во пракса. Холандија најави „враќање во нормала“ на 25 февруари, Австрија на 1 март, Германија 20 дена подоцна ...


Слично

Поврзани вести