Економија, финансии, бизнис

Контакт

Окупацијата прекината, следна е борбата за подобри студентски домови!

Окупацијата прекината, следна е борбата за подобри студентски домови!

Вчера студентиве освоија победа и издејствуваа подготовка на целосно нов закон за високо образование.

Тие на синоќешниот Генерален пленум одлучиле да ја прекинат окупацијата на факултетите која веќе повеќе од десет дена се случува на академското тло.

Но, сепак нема да застанат тука.

Следно што најавуваат е борба за подобри студентски домови и укинување на непотребните давачки.

„Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности, непотребните давачки како ИКСА, корумпираните студентски парламенти“, порачаа од Студентскиот пленум!

Нивната програма за денес е следна:

Автономна зона на Филозофски/Филолошки:

12:00 – 13:00 – Ангелина Бановиќ – Перформансот како чин на отпор @A3 13:00 – 14:00 – Искра Пановска Димкова – „Шу прајш“– Изговор @A3 14:00 – 16:00 – Елизабета Шелева – „Бунтовниот глас на популарната култура – проекција и дискусија за документарниот филм за Виктор Хара @ A3 17:00 – 18:00 – Автономна зона на слободната совест – АКСЦ, отворена дискусија @ Аула 20:00 – 22:00 – Марко Стаменковиќ (Србија) „Теророт на општеството на позитивноста и етиката на среќата“ – предавање и дискусија со уметниците од Иницијатива Кооперација @А3 21:00 – 21:30 – Ивана Атанасова – „Ќе има војна“ @Аула

Автономна зона на ФЕИТ/МФ:

10:00-12:00 – Локален пленум 14:00 … дебата на тема: „Режим на исхрана: Контроверзен тренд или потреба? “ *ГМО, gluten-free, вегетаријанство… 14:30-.. – работилници за предмети од прва година 16:00 – проекција на филм 19:00-… – турнир во табла, шах – просторија 110 *секој што е во можност да донесе табла или шах 19:30 .. –Stay Tuned

Автономна зона на Архитектонски/Градежен:

10:00-12:00 – локален пленум АФ/ГФ @ амф ГФ 12:00-14:00 – проекција: ‘THE FINLAND PHENOMENON’ Снежана Домазетовска @ амфи АФС 14:00-15:00 – Изложба на слики од работилницата ‘Социјалниот аспект во архитектонската фотографија’ @ коридор кај ГС 15:00-18:00 – креативна работилница ‘3D оригми & модуларни оригами’@ ГС 18:00-20:00 – ‘Дистописки визии: серија филмски вечери со дискусија’ Тони Димитров @ амфи АФС 18:00-21:00 – Турнир во пинг-понг @ сала за пинг-понг 21:00- …. Monty Python маратон @ предавална 312 на АФС/амфи АФС

Автономна зона на ПМФ:

10:00-11:00 проф. д-р Оливер Зајков – Кратки демонстрациони вежби. @Физички амфитеатар 11:00-13:00 проф. д-р Златко Левков – „Примена на дијатомеи во форензика” @Физички амфитеатар 13:00-14:00 проф. д-р Сузана Д. Ковкаровска – „Последната измена во законот за високо образование”

Слично

Поврзани вести