Економија, финансии, бизнис

Контакт

Окупација на Универзитетот?

Окупација на Универзитетот?
Дали за да се врати автономијата, ќе биде потребна окупација на универзитетите? Пленумот на студентите и професорите повеќе пати ја истакнаа потребата од враќање на автономијата, недонесување на законите за наводни реформи, но власта досега остана глува. „Студентскиот Пленум нема да дозволи да се гази по достоинството на студентите, бесрамно да се прегази автономијата на универзитетите и на најдрзок начин да се прекрши Уставот, највисокиот правен акт на Република Македонија!“ Затоа, подгответе се. Почитуван господине Премиер, почитувана Владо на Република Македонија, почитувани “народни претставници” од Собранието, почитуван Претседателе, индексите во рака и на часови. Студентски пленум ќе предава лекции по државништво! Борбата започнува!“ напишаа неодамна Студентскиот пленум на нивната Фејсбук страница! На следните линкови: Константин Битраков: Борбата на студентите против таканаречените реформи допрва почнува! ИНТЕРВЈУ проф. Владимир Мартиновски: Медиумски терор за укинување на автономијата! Горан Јанев: Kарикатура од Закон што ќе ја осакати академската дејност! Вчера пак, се одржа расправа на Архитектонскиот факултет каде што на дневен ред беа три прелози: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се „окупираат“ универзитетите или истовремена примена на двата предлога. Тие начелно договорија окупација на факултетите, пред да се оствари средбата на МОН и УКИМ која е најавена за следниот вторник, а секој од факултетите да се произнесе за ставот па потоа заедно да одлучат кој чекор ќе го превземат и според кој план ќе дејствуваат.
Слично

Поврзани вести