ОКТА со подобрени финансиски резултати
Рафинеријата ОКТА објави дека продолжува со трендот на подобрување на перформансите во работата, откако во последниот квартал од 2013 година по подолг период забележа добивка од 109 милиони денари пред оданочување, односно 35 милиони денари по оданочување. За разлика од ова, во последниот квратал од 2012 рафинеријата бележеше загуби од 190 милиони денари пред оданочување, односно 200 милиони денари по оданочување.
Според неревидираниот финансиски извештај на ОКТА за 2013 година, компанијата ја завршила годината со добивка пред оданочување од 217 милиони денари, додека по оданочување рафинеријата ја заокружи годината со загуба од 150 милиони денари. Ова е значително подобрување од 2012 година, кога загубите на ОКТА достигнаа 605 милиони денари.
Од компанијата велат дека резултатите ги подобриле со фокусирање на најпрофитабилните сегменти од работата на домашниот и странските пазари. Од ОКТА се жалат и на нелојална конкуренција, кој се должи на недостаток од ефективна контрола на спецификациите и квалитетот на горивата што ги нудат помалите увозници.
„Во предизвикувачките услови на пазарот, ОКТА успеа да ги подобри перформансите, фокусирајќи се на ефикасноста и контрола на трошоците, како и преземање на радикална оперативна и организациска трансформација“, соопштуваат од компанијата.
Слично
