ОКТА: Одлуките на Царинската управа се неосновани и неоправдани
Одлуките на Царинската управа за укинување на одобренијата за поедноставени постапки на увоз и извоз на нафтени деривати на ОКТА се во целост неосновани и неоправдани, се наведува во пишаната реакција на рафинеријата ОКТА.
Донесувањето на одлуките, нагласуваaт, значително ќе влијае на нормалното снабдување со нафтени деривати на локалниот и на косовскиот пазар, создавајќи сериозни проблеми во енергетскиот биланс на двете земји.
ОКТА тврди дека аргументите во одлуките се неиздржани и не се докажани, поради што ќе ги искористи сите правни средства, во рамките на управна и судска постапка, за да докаже дека се неточни. - Иако донесувањето на одлуките ќе предизвика сериозни логистички проблеми, ОКТА ќе вложи напори да продолжи со сите потребни активности за нормално и непречено снабдување со нафтени деривати на пазарот, посочуваат од ОКТА.
Слично
