ОКТА: Нашето гориво се проверува трипати; квалитетот на нашето гориво e најдобар и е во согласност со највисоките стандарди
Името на ОКТА беше споменато во неколку медиумски натписи во однос на квалитетот на горивото кое се продава до крајниот потрошувач.
Тие преку соопштение реагираат на написите и велат дека ОКТА не е една од петте компании за кои Пазарниот инспекторат откри дека во измината година продавале гориво со помалку октани.
Во нивното соопштени стои:
„ОКТА увезува и продава гориво што е во согласностсо највисоките стандарди и ги поседува сите неопходни процедури и инфраструктура за да обезбеди соодветен квалитет на горивото што гопродава на своите клиенти. Ние сме и единствената компанијата која што спроведува тројна контрола на горивото. Првата се спроведува во рафинеријата каде горивот се товари пред да биде транспортирано, втората контрола ја правиме кога тоа ќе пристигне во инсталациите на ОКТА и третата контрола се прави пред горивото да се испорача на пазарот.
Проблемот со увоз на гориво со низок квалитет од страна на неколку независни увозници,во повеќе наврати беше идентификуван од страна на ОКТА и пријавен во Пазарниот инспекторат. Државните органиправат најдобро што можат, но често се во недостиг на средства и ресурси за ефективнода го контролираат пазарот. ОКТА, која што покриваповеќе од 60% од увозот на гориво, придонесува кон непреченото снабдување со гориво со највисоки стандарди и затоа сме во позиција на нашите купувачи во целост да им го гарантираме квалитетот на нашите производи.
Во истите медиумски натписи беше споменат стар случај од 2012 година каде ОКТА наводно увезува гориво кое што не ги исполнува државните спецификации. ОКТА поднесе жалба против овој случај, којшто е сеуште во судска процедура, врз основа на тоа дека резултатите од анализите спроведени од државните органисе неточни како резултат на недостаток на соодветна опрема и инфраструктура.
ОКТА ќе продолжи да ја поддржува државата во нејзинитенапори да го контролира квалитетот на горивото што се продава во земјава. Но исто така, ние ќе продолжиме да инсистираме на интензивирање на напорите и на подобрување на увозните регулативи, како и регулативите за квалитетот на течните горива, во согласност со валидниот Закон за енергетика и релевантните подзаконски актисо цел нормално функционирањена пазарот за течни горива, за доброто на потрошувачите и на целата економија“.
