Економија, финансии, бизнис

Контакт

Окта ги отфрли обвинувањата од МАКАМТРАНС дека ги стимулира грчките превозници

Окта ги отфрли обвинувањата од МАКАМТРАНС дека ги стимулира грчките превозници

Како одговор на обвинувањата на Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва на РМ МАКАМТРАНС, дека со однесувањето на ОКТА се стимулираат грчките превозници, наспроти македонските и се нанесува штета на македонското стопанство, од  ОКТА изјавија дека обвинувања за фаворизирање на некои од учесниците се целосно неосновани.

„Во текот на последните два месеци ОКТА спроведе транспарентен процес за собирање на најповолни понуди за транспортни услуги. Процесот беше спроведен во согласност со интерните правила на ОКТА и локалните закони и прописи, на начин на кој не се фаворизираше никој од учесниците. Процесот беше исклучително успешен, што резултираше со вкупно 51 доставена понуда, од кои 48 од локални компании и 3 од странски компании. До овој момент, повеќе од 30 транспортни компании, сите од Р.М. кои понудија најповолна цена веќе имаат потпишано договори и се целосно ангажирани“, се вели во соопштението од ОКТА.

Исто така изјавија дека ОКТА е посветена на високиот квалитетот на нафтените деривати, според стандардите на Европската Унија, снабдувајќи ги своите потрошувачи и крајни корисници.

„ОКТА и понатаму ќе инсистира сите добавувачи, вклучително и транспортните компании да обезбедат комплетна гаранција за квалитетот на нафтените деривати кои ги дистрибуираат, како и приложување на сите останати технички документи кои тоа го обезбедуваат.“ се вели со соопштеието.

„ОКТА како една од најголемите компании во југоисточна европа, која има инвестирано над 80 милиони евра во локалната економија, останува посветена на правичната и транспарентна соработка со сите свои партнери, добавувачи и клиенти, обезбедувајќи нормално и непречено снабдување со високо квалитетни нафтени деривати на домашниот пазар, како и со извоз, од што бенефит има и домашната економија.“ стои во соопштението од ОКТА

Слично

Поврзани вести