Околу 5 600 мигранти влегле вчера од Грција во Македонија
Бројот на мигранти кои влегуваат во државата значајно се зголеми. Над 5 600 бегалци влегле вчера од Грција во Македонија, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).
„Тоа е апсолутно драматична ситуација. Македонија и натаму е транзитна земја во која мигрантите влегуваат со намера да го продолжат патот кон Западна Европа, изјави портпаролката на УНХЦР Мелиса Флеминг.
Според податоците на УНХЦР, само во последните два месеца, од Грција во Македонија влегле над 60 илјади мигранти.
Инаку, за заедничко решавање на бегалската криза денеска Македонија, Србија, Австрија и Унгарија потпишаа Меморандум со кој заеднички ќе бараат соодветни начини за соодветно прифаќање, регистрација и третман на мигрантите.
Слично
