Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 37 000 бегалци влегле во Европа по море од почетокот на годината

Околу 37 000 бегалци влегле во Европа по море од почетокот на годината

Околу 37 000 бегалци, влегле во Европа преку Средоземното море, од почетокот на 2016 година.

Податоците ги соопшти во Женева официјалниот претставник на Меѓународната агенција за миграции (ИОМ) Џоел Милман.

Тие го опфаќаат периодот 1-21 јануари годинава. 113 од мигрантите загинале во обид да стигнат до Стариот Континент.

„За 21 ден во 2016 година бројот на пристигнатите мигранти преку Медитеранот во Италија и Грција достигна 36,899 лица.

Тоа е околу 10 пати повеќе отколку во истиот период минатата година“, рече тој.

За Грција и Западен Балкан приливот на мигранти се зголеми 20 пати. Смртноста  е зголемена два пати, наведува Милман.

Според информациите на организацијата во Грција пристигнале 35 949 мигранти, а во Италија - 950.

Бројот на бегалците и мигрантите кои влегле во ЕУ во 2015 година, надмина 1 милион луѓе во декември минатата година, според податоците на ИОМ и Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Околу 3600 лица се исчезнати или загинале во обид да стигнат до Европа, забележуваат двете организации.

Во минатата година 1 005 504 лица влегле во ЕУ преку Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар. Поголемиот дел од нив - 816 лица, пристигнале во Грција по море.

Околу 50% од влезените во ЕУ се Сиријците кои бегаат од војната во родната земја. Други 20% се Авганистанци, а 7% се Ирачани.

Слично

Поврзани вести