Оклопни возила и војска во Гевгелија, незадоволни мигранти протестираат!
Напната е состојбата во Гевгелија, бидејќи повеќе стотици неекономски мигранти се обидуваат нелегално да влезат на територијата на Македонија.
Силни воени и полициски сили како и оклопни возила ја обезбедуваат грчко-македонската граница.
Многубројни неекономски мигранти се спречени да го продолжат натамошниот пат по балканска рута, па затоа незадоволните демонстрираат. На северната граница останале уште бегалци кои со документи се обидуваат да докажат дека бегаат од војната, пренесуваат агенциите.
На границата со Грција во близина на Гевгелија, испратени се додатни полициски сили, а дежураат и оклопни возили.
Ангажирана е и воената полицијата која се обидува да ги запре мигрантите од Бангладеш, Пакистан и Ангола кои веќе неколку дена се наоѓаат на територијата на Грција а непрестајно пристигаат со автобуси.
Поради исцрпеност мигрантите се почесто колабираат, а на лице место помош укажуваат и претставници на УНХЦР и Црвениот крст.
Во решавање на мигрантската криза се вклучи и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој во текот на утрешниот ден ќе се сретне со државниот врв.
