Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈO ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА: Обвинителот ги проучува наводите од пријавата, по што ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката

ОЈO ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА: Обвинителот ги проучува наводите од пријавата, по што ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката

Oд Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијa за Фактор потврдуваат дека е пристигната кривична пријава за лица поврзани со Еуростандард банка. 

„Истата е пристигната на 9.10.2020 година, а е распределена кај надлежен јавен обвинител на 13.10.2020 година. Обвинителот ги проучува наводите содржани во предметната пријава, по што ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката. Со оглед на краткиот период од распределување на предметот во работа, обвинителството нема детали што би можело да ги сподели со јавноста во оваа фаза“, велат од ОЈО

Јас не знам против кого се поднесени кривичните пријави бидејќи досега не сум добил никакви документи, но претпоставувам дека тоа е против нас двајцата акционери во банката, односно против мене и мојот син Коста Kостовски, изјави за Фактор еден од сопствениците на Еуростандард во стечај, Трифун Костовски. 

Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка.

„Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај“, соопшти НБМ.

Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложила и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

фото МИА

Слично

Поврзани вести