Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО и СЈО со меѓусебни обвинувања за доказите за Коста Крпач

ОЈО и СЈО со меѓусебни обвинувања за доказите за Коста Крпач

Основното јавно обвинителство тврди дека СЈО не им е доставило ниту еден доказ кој укажува дека Крпач бил под притисок и закани.

Така преку соопштение од скопското обвинителство велат дека Специјалните обвинителки кои се надлежни за  гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите не им е  доставен ниту еден доказ ниту, пак, каква и да е релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува да го истражува случајот.

СЈО пак со став дека на Основното обвинителство му доставиле доволно докази и информации кои ги поседуваат со цел да им помогнат во расветлување на околностите поврзани со смртта на покојниот Крпач.

Детално, Катица Јанева во јавноста не открива што точно како информации му предала на скопското обвинителство.

Од СЈО потенцираат дека нема да им ги достават списите и доказите за предистражна постапка која се уште е во тек, а во која Крпач бил сведок.

Слично

Поврзани вести