„Оилко“ продолжува да го зголемува уделот во „Макпетрол“
Транспортната компанија Оилко КДА Скопје се стекна со нови 696 обични акции од Макпетрол АД Скопје. Според информација објавена на Македонска берза, Оилко КДА Скопје, сега поседува вкупно 29.151 обични акции, што претставува 25,94 проценти од вкупниот број на акции издадени од Макпетрол АД Скопје.
Инаку, компанијата „Оилко“ е основана на 18.1.2007 година. Транспортната компанија е формирана како командитно друштво кое транспортира нафта и нафтени деривати за „Макпетрол“.
Слично
