Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Оилко“ продолжува да го зголемува уделот во „Макпетрол“

„Оилко“ продолжува да го зголемува уделот во „Макпетрол“
Транспортната компанија Оилко КДА Скопје се стекна со нови 178 акции со право на глас во Макпетрол АД Скопје. Според ценовно чувствителната информација доставена до Македонска берза, купените акции претставуваат 0,158 % од вкупно издадените акции со право на глас. Со оваа измена ОИЛКО КДА Скопје поседува 23.289 акции од Макпетрол АД Скопје или 20,723 % од вкупнo издадените акции со право на глас. На почетокот на месецов, „Оилко“ купи 212 акции со право на глас во „Макпетрол“. Претходно, акции компанијата купуваше и во текот на февруари и март. Инаку, компанијата „Оилко“ е основана на 18.1.2007 год, а основач и најголем акционер во друштвото е „Макпетрол“ со околу 30% учество во вредноста на капиталот. Транспортната компанија е формирана како командитно друштво кое транспортира нафта и нафтени деривати за „Макпетрол“.
Слично

Поврзани вести