„Оилко“ купи уште еден процент во „Макпетрол“
Вкупно 1207 акции со право на глас во „Макпетрол“ купи транспортната компанија „Оилко“. Во известувањето доставено вчера до Македонската берза, „Макпетрол“ информира дека станува збор за 1,074 % од вкупно издадените акции со право на глас во оваа компанија.
Со оваа измена ОИЛКО КДА Скопје поседува 25.004 акции од Макпетрол АД Скопје или 22,249 % од вкупнo издадените акции со право на глас.
Веќе извесен период, Оилко постепено го зголемува својот удел во Макпетрол, купувајќи помали количества акции со право на глас. Претходно, последната ваква трансакција беше извршена на крајот на април, кога Оилко купи дополнителни 0,198 % од вкупно издадените акции со право на глас во Макпетрол.
Само во април компанијата четири пати го зголемуваше својот удел, а акции купуваше и во текот на февруари и март. Компанијата „Оилко“ е основана на 18.1.2007 год, а основач и најголем акционер во друштвото е „Макпетрол“ со околу 30% учество во вредноста на капиталот. Транспортната компанија е формирана како командитно друштво кое транспортира нафта и нафтени деривати за „Макпетрол“.
Слично
