Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оилко и натаму го зголемува уделот во Макпетрол

Оилко и натаму го зголемува уделот во Макпетрол
Уште 223 акции со право на глас од Макпетрол стекна транспортната фрима ОИЛКО КДА Скопје, односно дополнителни 0,198 % од вкупно издадените акции со право на глас. Со оваа измена ОИЛКО КДА Скопје поседува 23.797 акции од Макпетрол АД Скопје или 21,175 % од вкупнo издадените акции со право на глас. Ова е четврти пат само овој месец Оилко да купува акции во Макпетрол и да го зголемува својот удел. Пред само 5 дена компанијата купи 285 акции со право на глас, а претходно акции компанијата купуваше и во текот на февруари и март. Инаку, компанијата „Оилко“ е основана на 18.1.2007 год, а основач и најголем акционер во друштвото е „Макпетрол“ со околу 30% учество во вредноста на капиталот. Транспортната компанија е формирана како командитно друштво кое транспортира нафта и нафтени деривати за „Макпетрол“.  
Слично

Поврзани вести