Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОИЛКО“ ГО ЗГОЛЕМИ УДЕЛОТ ВО „МАКПЕТРОЛ“: Купи уште 74 акции

„ОИЛКО“ ГО ЗГОЛЕМИ УДЕЛОТ ВО „МАКПЕТРОЛ“: Купи уште 74 акции

„Оилко КДА“ купи 74 акции од „Макпетрол“, со што во моментов има 25,32 проценти од вкупниот број на акции на Акционерското друштво.

„Согласно членот 38 точка 1 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека, акционерот Оилко КДА – Скопје, се стекна со 74 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје и во моментов поседува вкупно 28 455 обични акции, што претставува 25,32 % од вкупниот број на акции издадени од Макпетрол АД Скопје“, соопшти „Макпетрол“.

Оваа трансакција е трета за кратко време. Со минатонеделното купување на акции, „Оилко“ имаше 25,25 отсто од вкупниот број кои ги има издадено „Макпетрол“. Просечната цена по акција на „Макпетрол“ изнесуваат речиси 117 илјади денари.

А.Т.

Слично

Поврзани вести