Оилко билда раст на добивката, за девет месеци прикажа профит од 61,3 милиони денари
Во периодот Јануари - Септември 2016 година Оилко бележи оперативни приходи во висина од 303,2 милиони денари
и оперативни расходи од 241,9 милиони денари при што оствари
добивка пред оданочување од 61,3 милиони денари, покажуваат податоците објавени на Македонска берза.
Тоа значи дека Друштвото работело со зголемена добивка од 21% во однос на минатата година .
Како што соопштуваат ваквиот резултат се должи на зголемените приходи од продажба на странски пазар како и на намалените оперативни расходи од 3% на што најмногу влијае намалувањето на амортизацијата за 38%.
Исто така намалени се и финансиските расходи како резултат на намалените расходи за камати.
Оилко во овој период изврши исплата на дивиденда во висина од 15.055.380 денари во бруто износ односно 60 денари по една акција во бруто износ.
